Се оплеменува просторот во ООУ "Свети Климент Охридски" во Бутел

Општината Бутел во претходните два месеца во континуитет го облагородува просторот во ООУ "Свети Климент Охридски" во Бутел, информираат од општината.

Како што стои во соопштението, реновирани и опремени се простории со најсовремени фитнес справи, како и сала за боречки вештини, со цел афирмација на спортот кој носи добри резултати на натпревари од светски ранг.

 

 

Внатрешниот двор е разубавен со обновување и ставање во функција на централна фонтана. Сите приоди до фонтаната се поплочени со бекатон плочки на површина од 50 м2.

Се очекува поставувањето на стаклената градина, наменета за учениците кои пак во неа, теоретските програми за одгледување растенија ќе ги заменат со практични.

 

 

Приодните скали до горниот кат се целосно поплочени и побезбедни за детските чекорчиња, се додава во соопштението од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.