Единаесетта ликовна колонија „Љубанци 2021“ (ВИДЕО)

Во Општина Бутел се одржа детскиот ликовен ден во рамките на единаесеттата ликовна колонија „ЉУБАНЦИ 2021“.

Околу триесетина талентирани ученици твореа заедно со познатите уметници и ликовни педагози, кои работат на уметничките дела од саботата 12.06.2021, кога беше отворена годишнава ликовна колонија „ЉУБАНЦИ 2021“.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Велимир Смилевски. Тој и ликовните уметници одбраа три најубави детски цртежи кои ќе бидат преставени и наградени на ликовната изложба на дела од годинашнава ликовна колонија.

Во своето обраќање градоначалникот истакна дека е исклучително горд на ликовната колонија која е од голема вредност за општината, особено што ликовната колонија успешно опстојува со години во убав амбиент, каде што ликовните уметници творат и создаваат прекрасни ликовни дела.

Како и секоја година, така и годинава уметниците се инспирирани од прекрасните ливади, богатите извори и пасишта од прекрасното Љубанци.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.