Бесплатно летување за деца од социјален ризик

Општина Бутел објави јавен повик за пријавување деца од социјален ризик и деца со посебни потреби, жители на општината за стекнување право за користење бесплатно летување под мотото "Летен камп - Сите сме едно".

Повикот се однесува за децата кои потекнуваат од семества приматели на социјална помош, деца на самохран родител, деца без родители и деца со посебни потреби или корисници на посебен додаток.

 

 

Летниот камп ќе се реализира во детското одморалиште Радости во Охрид, во две смени во месец август.

Пријавувањето на повикот е во тек, а сите подетални информации се објавени на веб страната на Општина Бутел.

https://opstinabutel.gov.mk/?p=17476

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.