Градоначалникот на Општина Бутел волонтираше во ЈП Лајка (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, кој е голем љубител на кучиња, денеска волонтираше во ЈП Лајка, информираат од претпријатието.

Слатката Дикси имаше можност да ужива во капењето и третманот, пред да замине во својот нов дом.  

 

 

Со оглед на временските прогнози кои што најавуваат дека топлото време ќе се задржи и наредниот период, од Лајка уште еднаш препорачуваат кучињата да се шетаат во раните утрински часови или доцна попладне, да се избегнува одење по жежок афалт, да престојуваат под сенка доколку сè на отворено и секогаш да имаат на располагање свежа вода. Да не се оставаат милениците во затворено возило, дури и во денови кога температурите се ниски.

 

 

Доколку кучињата дишат забрзано и отежнато, имаат зголемен пулс и забрзана работа на срцето, прекумерно лачат лигавица од устата или имаат висока температура, укажува дека миленикот има топлотен удар. Во тој случај, како што препорачува нашиот доктор по ветеринарна медицина, Виктор Груев, кучето треба веднаш да се однесе на ветеринар. Доколку сопственикот не е во можност итно да го однесе кучето на лекар, тогаш треба да се повлече миленикот во темна просторија каде нема директен контакт со сонцето, да му се постави ладна-мокра крпа на вратот или главата, или да се обезбеди црево со вода кое што ќе тече низ неговиот абдомен. И покрај овие итни превземени мерки, најдобро е миленикот сепак да се однесе на ветеринар. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.