72 дечиња од Општина Бутел денеска заминаа на бесплатно летување

72 дечиња денеска заминаа на бесплатно летување од седумдневен аранжман во Охрид. Патувањето, дел од проектот Сите сме едно го овозможи Општина Бутел, информираат од општината.

 

Бесплатното летување е наменето за дечиња кои потекнуваат од семејствата во социјален ризик, корисници на посебен додаток, со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа, кои можеа да конкурираат изминатиот период на јавниот повик, објавен од општината.

 

Во проектот Сите сме едно комплетно е обезбеден седумдневен аранжман во детско одморалиште, како и посета на повеќе знаменитости каде дечињата ќе можат во забава и другарување да поминат убави моменти заедно со своите врсници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.