Почна учебната година во седумте основни училишта во Општина Бутел

Денеска, детскиот џагор и детските лица ги развеселија и ги разубавеа училишните дворови во сите седум општински основни училишта на територијата на Општина Бутел.

 

И оваа година градоначалникот Велимир Смилевски присуствуваше на приемот на првачињата и на сите им подели симболични подароци, информираат од Општина Бутел.

 

 

Тој им посака среќна и успешна учебна година, нагласувајќи дека првиот училишен ден е денот кој е врежан во меморијата на секој човек, ден кој е еден од најважните датуми во животот. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.