Се расчистуваат четири депонии во Бутел

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска почна активности за расчистување четири диви депонии во скопската општина Бутел. Депониите, составени од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, се лоцирани на улицата Бетовенова, како и на улиците Александар Урдаревски и Лазо Трпевски, во непосредна близина на гробиштата.

„Во координација со Општина Бутел, екипите на ЈП 'Комунална хигиена' - Скопје денеска почнаа со отстранување четири диви депонии лоцирани во оваа скопска општина. Очекуваме до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 300 кубни метри несовесно одложен отпад од јавните површини. И во оваа пригода апелирамe до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови затоа што само со правилно и совесно одлагање на отпадот можеме да ги заштитиме животната околина и јавното здравје“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, Абдусамед Шабани.

Во текот на првите шест месеци од годинава ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје отстрани 7000 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.