Ново зеленило за граѓаните во Бутел 2

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, заедно со директорот на Паркови и зеленило, Адриан Муча, денеска се сретнаа во новиот парк во населбата Бутел 2, информираат од општината.

 

Договорената средба беше од работен карактер: со четки во рацете, тие ги бојадисуваа веќе постоечките лулашки, кои што добија освежување. Во меѓувреме, беа поставени и прскалки за да може тревата редовно се наводнува.

 

  

 

Во меѓусебниот разговор, Смилевски и Муча резимираа за она што е направено во изминатиот период, но многу повеќе и за тоа што треба да се направи за доброто на граѓаните од овој дел од општината. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.