Спортски училишен настан во Општина Бутел

Спортот гради цврст каратктер, формира победнички дух и не учи на почит кон сите, смета градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

Инаку, денеска во Бутел започна спортскиот училишен настан во кој учествуваат сите училишта во општината. На натпреварите учениците ќе ги одмерат своите спортски вештини во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.

 

   

 

Настанот е во организација на Сојузот на училишни спортови на Град Скопје, а го помагаат наставниците по физичко образование.  Ова нека биде мала најава за тоа што ќе следи во иднина на територијата на Општина Бутел, ќе организираме мини олимписки игри за основните училишта, кои ќе бидат совршен пример за училишен спортски настан, додава Костовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.