250 илјади денари помош за семејствата на настраданите, одлучи Советот на Општина Бутел

Советот на Општина Бутел, на денешната седница го усвои предлогот на градоначалникот Дарко Костовски за доделување помош за настраданите во сообраќајната несреќа, која се случи неодамна во Бугарија.

 

Советот на општината едногласно донесе одлука на семејствата на настраданите да им се додели парична помош во износ од 250 илјади денари.

 

Градоначалникот Костовски во својата порака до семејствата на настраданите и до сите граѓани кажа дека нема зборови со кои може да се опише оваа трагедија, која донесе немир и тага.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.