Акции за чистење и уредување во Општина Бутел

Викендов во повеќе населени места во Општина Бутел ќе се спроведат акции за чистење и уредување, информираат од општината.

Оу утре, па секоја наредна сабота целокупната механизација и расположливите средства ќе бидат фокусирани во различно населено место, пишува на својот фејсбук профил градоначалникот Дарко Костовски.

 

  

Во објава на фејсбук, градоначалникот исто така информираше дека се започнати градежните активности на новото кошаркарско игралиште во основното училиште “Ацо Шопов”.

“Наскоро жителите на Радишани ќе добијат ново модерно игралиште за кошарка по сите светски стандарди, со подлога и кошеви лиценцирани од светската кошаркарска асоцијација.”, додава Костовски.

 

 

Во текот на денешниот ден се чистеше големата депонија во Љубанци кај патот што го поврзува местото викано пештер со црквата Св. Јован. Во текот на утрешниот ден патот ќе биде целосно тампониран со што движењето ќе биде олеснето.  

 

 

Инаку, пред неколку дена, по долги години чекање, комуналните работници од општината добија комплетно нова ХТЗ опрема, со која се подобруваат условите за заштита при работа, објави градоначалникот на Општина Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.