Училиштата и градинките во општината, приоритет на Дарко Костовски

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и тим од општината денеска беа во посета на децата, сместени во детскиот интернат во ООУ “Гоце Делчев”.

 

 

 

"Како Општина Бутел обезбедивме нова спортска опрема и бесплатен тренинг во таеквондо клубот Гоце Делчев во училиштето. Исто така, децата добија зимски јакни и топли обувки. Ги израдувавме и со новогодишни пакетчиња. На нивно барање во најбрзо време ќе добијат и конзула за играње и нови компјутери.", информираше Костовски.  

 

 

Инаку, во ООУ “Гоце Делчев” во Љубанци денеска за прв пат беше отворен кабинетот по информатика во вредност од над 600 000 денари, опремен со модерни персонални компјутери на кои учениците можат беспрекорно да ги вршат дадените задачи.  

 

 

Нов кабинет по информатика, со исти такви стандарди се опреми и во ООУ “Ацо Шопов”.  

 

 

Во деновите пред Нова Година дечињата од градинката “11 Октомври” во Скопје Север презентираа прекрасна новогодишна приредба, на која, како што изјавува градоначалникот сите уживале."Детската насмевка е најскапоценото нешто на овој свет, нашата борба е да ја разбудиме во секое детенце." додава Костовски.  

 

 

Од почетокот на новиот мнандат па до сега, Костовски информираше дека се вложени 3 милиони денари за потребите на детските градинки во Општина Бутел.  

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.