Денеска почна да се гради ново училиште во Визбегово

Денеска се одбележа почетокот на градежните работи за изградба на новото основно училиште во населбата Визбегово во Општина Бутел.

 

Идејата која започна во 2014 година денеска се реализира, а за 18 месеци над 500 ученици ќе добијат ново општинско основно училиште, изјави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

    

 

Како Општина Бутел максимално ќе се заложиме непречено да се одвиваат градежните активности со цел општинското основно училиште да биде завршено во предвидениот рок. Учениците веќе нема да имаат потреба да патуваат за да следат настава во соседните училишта во другите општини, додаде Костовски.  

 

  

 

Општина Бутел планира да вложува во образованието, за само три месеци досега вложивме 10 милиони денари и тој тренд ќе продолжи зашто клуч за развој на стабилна држава е квалитетно образование, рече Костовски. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.