Започна реконструкцијата на пензиoнерскиот клуб во Љуботенски пат

Денеска започна целосна реконструкција на пензионерскиот клуб во населеното место Љуботенски пат во Општина Бутел.

    

 

 

Во брзо време пензионерскиот клуб, место кое е од огромно значење за жителите на Љуботенски пат ќе добие нов лик, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. За жал ова место во изминатиот период беше збиралиште и претставуваше закана за жителите, додаде Костовски.  

 

 

 

Стариот сјај на овој пензионерски клуб ќе го врати општината, заедно со општествено одговорни поединци.  Реконстуиран и реновиран наскоро ќе биде во целосна служба на граѓаните на Љуботенски пат, напиша Костовски на Фејсбук.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.