Градоначалникот Костовски донира пола плата за семејството Давитковиќ од Радишани

„Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестрички живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња. Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби.

Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел", напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

 

 

Тој напиша дека лично ќе се вклучи да помогне на ова семејство од нашата општина, со што ќе им подари 50% од неговата месечна плата, дополнително со негов налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош, а ќе ги замоли и советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.

Костовски ги повика сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да го исконтактираат лично за оваа тема.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.