Почнува реконструкцијата на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ" во Маџир Маало

Ул. „Ѓуро Ѓоновиќ"

Почнува реконструкцијата на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во населбата Маџир Маало во скопската општина Центар. 


Вкупната должина на улицата е 250 метри, а ширината 14 метри. Тротоарите ќе бидат со ширина од 2,25 метри, а планирано е да има и простор за велосипедисти и пешаци. 


- По опструкцијата од општина Аеродром, со новото општинско раководство постигнавме договор. Kонечно по долги години, Маџир Маало ќе добие улица каква што доликува, изјави денеска градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.


Планирано е да се изгради и нова атмосферска канализација со што ќе биде решен проблемот со поплавување на улиците. 


Одговарајќи на новинарски прашања, Богдановиќ информира дека е завршена ревизијата на неколку детални урбанистички планови и оти ќе бидат отстранети сите аномалии од претходните ДУП–ви.


За Деталниот урбанистички план за Маџир Маало, Богдановиќ рече дека тој ќе биде усогласен со Генералниот урбанистички план и оти наскоро за него ќе има јавна расправа. Во оваа населба се планира да има комерцијално-станбени објекти, а општината ќе изврши реконструкција и на другите улици и ќе биде изградена нова градинка.


За Деталниот урбанистички план за населбата Пролет, Богдановиќ рече дека нема да се дозволи надградување и додавање во висина на постоечките згради. Од општината најавуваат и санирање на старите и руинирани згради и поставување на нова монтажна гаража.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.