All for Joomla All for Webmasters

Паркинзи Центар ќе разгледува поплаки и пофалби од граѓаните

Паркинзи Центар

Ако најдете време во секојдневната гужва и обврски и сте мотивирани да пишувате можете да ги користите сандчињата за поплаки, пофалби и предлози за да го подобрите работењето на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

 

ПОЦ постави сандачиња на сите свои паркомати и од граѓаните очекува да го пишуваат своето мислење на соодветниот формулар.

 

Откако ќе ги добие пополнетите формулари Паркинзи на Општина Центар со посебно формираната комисија за таа намена еднаш неделно ќе ги разгледува сите пристигнати поплаки, пофалби и сугестии и ќе постапува согласно надлежностите, информираат од јавното претпријатие.

 

Тие се надеваат дека со овој потег ќе го подобрат својот квалитет, а граѓаните ќе добијат услуги какви што заслужуваат.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.