На јавен увид Предлог-ДУП-от Градска четврт 04 „Даре Џамбаз"

Дислокација на предвидената катна гаража, додавање ново и задржување на постоечкото зеленило, проблемот со паркинзите, како и помалиот број идни објекти, беа главните забелешки на жителите на денешната презентација на Предлог-Деталниот урбанистички план Градска четврт 04 „Даре Џамбаз“.

Пред стручните служби од Општината, како и пред претставници од топлфикационата мрежа „БЕГ“, ЈП „Водовод и канализација“ и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, жителите од реонот на ДУП „Даре Џамбаз“ на денешната јавна презентација ги кажуваа своите идеи и забелешки за новиот изглед.

Предлог ДУП-от „Даре Џамбаз“ до петок е биде изложен на јавен увид во просториите на Урбаната заедница „Роберт Гајдик“, со што граѓаните можат да го видат и своите забелешки да ги достават до општината и во форма на пополнет анкетен лист.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.