Акција за отстранување на нелегалните тераси пред кафулињата во Центар

Се отстрануваат терасите пред угостителските објекти откако сопствениците, и по шест месеци, колку што им беше оставено време, тоа не го сторија, соопштуваат од општина Центар.

- По бројните жалби на жителите на општината и по донесувањето на решенијата од страна на овластените инспектори, на засегнатите страни им беше оставен простор од повеќе од шест месеци сами да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти. Бидејќи тоа не го сторија, општината пристапи кон административно извршување на донесените управни акти, додаваат од општината.

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.