All for Joomla All for Webmasters

Општина Центар го сруши кафе барот „Бастион“

Познатиот дебармаалски кафе бар Бастион денеска се сруши. Како причина за тоа од општина Центар го наведуваат непочитувањето на прописите.

 

Познатиот дебармаалски кафе бар Бастион денеска се сруши. Како причина за тоа од општина Центар го наведуваат непочитувањето на прописите.

Според тврдењето на општинарите од диво изградените објекти нема доволно место за движење на пешаците и велосипедистите. Овие кафеанџии не ја испочитувале одлуката на градот Скопје, со која е определен пешачкиот простор кој треба да изнесува најмалку 2,5 метри проодна површина.

 Од локалот пак обвинуваат дека во неколку наврати се обидувале да најдат решение за проблемот и потенцираат дека уривањето е тенденциозно и незаконски. Од таму велат дека и покрај издадената дозвола од Град Скопје, за вршење на угостителска дејност надвор од деловниот простор на вкупна површина на 90 м2, општината извршила рушење на дел од терасата на еден од најстарите кафе барови во Скопје, кој вработува повеќе од 30 лица.

Од Бастион исто така додаваат дека во ниту еден момент не ја нарушиле активната пешачка зона од рабник на коловоз со растојание од 250 метри, и овозможиле оптимално искористување на просторот пред објектот како пешачка зона.

Општината претходно со соопштение потврди дека ги спроведува решенијата што претходно се донесени од градот. Од таму велат дека неколкупати апелирале до кафеанџиите и им побарале соодветна документација. Тие што обезбедиле комплетна документација и добијле дозволи од градот, сега немаат проблем, а кај другите што нема да го почитуваат правилникот ќе се интервенира и понатаму.

Акцијата за уривање опфаќа тераси на кафеани што се со цврста градба, односно се затворени со врати, прозорци и лимени тенди.

Сопствениците на кафулињата се жалат, барајќи од инспекторите и полицијата да не ги уриваат и да им дадат време сами да ги отстранат терасите. Сепак кафеанџиите имаа добиено решение од општината пред два месеца за отстранување на тврдата градба од тротоарите, а инспекторите побарале од нив да ги отстранат сите работи што не се утврдени според правилникот на градот Скопје. 

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.