Детска ликовна работилница: Остави го таблетот, симни се пред зграда

 

На 4 јули, во среда во 18 часот, во паркот Капиштец се организира една поинаква  детска ликовна работнилница со наслов „ Остави го таблетот, симни се пред зграда“.

Идејата на проектот е преку едукативни и уметнички работилници низ игра, да се стимулираат децата на дружење со нивните врсници. Организаторите најавуваат ликовни, театарски и музички работилници за деца во текот на летните месеци, кои ќе ги водат искусни професионалци кои работат во овие области. Вклучувањето на децата во уметноста е клучно за нивната креативност и општиот развој, а влогот во здрави и креативни деца е наш влог во подобра и одржлива иднина, велат организаторите, од општина Центар.

На децата им  се потребни многу можности за креативна игра и размислување, кои помагаат за здрав психофизички развој. Тоа нема да го најдат играјќи се на таблетот, затоа родители и деца, убавите летни денови поминувајте ги колку што можете повеќе надвор од вашите домови.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.