Можни мали прекини во водоснабдувањето во општина Центар поради чистење и хлорирање на резервоарот Водно

Корисниците во општина Центар в понеделник и во вторник од 9:00 часот можно е да имаат мали прекини во водоснабдувањето поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот Водно што ќе го спроведе екипа на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, чистењето и хлорирањето двата дена ќе почне од 9:00 часот, а евентуалните прекини во водоснабдувањето ќе траат до завршување на работата. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.