Се отстранува нелегалната градба во Градски парк

Инвеститорот Работнички Консалтинг ДООЕЛ Скопје почна со извршување на решението на овластениот градежен инспектор на општина Центар за отстранување на неговата градба во Градскиот парк за која не поседува решение согласно Законот за градење и започна со отстранување на градбата, информираат од општина Центар.

 

Нагласуваат дека овластен градежен инспектор по извршениот увид изготви решение со кое на инвеститорот Работнички Консалтинг ДООЕЛ Скопје, му наложи во рок од три дена да ја отстрани градбата во Градски парк која не е согласно прописите од Законот за градење.

 

- Инвеститорот пристапи кон отстранување на шанк со челична натстрешница со димензии пет на 13 метри, челична платформа со димензии два на пет метри, дрвена настрешница со димензии пет на 12 метри, базен со димензии пет на четири метри, ограда со челични профили обложена со дрво со должина триесетина метри и влез од челична конструкција со димензии два на четри метри во Градски парк, велат од општина Центар.

 

Најавуваат дека наскоро ќе извршат контролен инспекциски надзор за да видат дали инвеститорот постапува по решението издадено од овластен градежен инспектор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.