Издадени 11 решенија за отстранување урбана опрема во о. Центар

 

Издадени се 11 решенија за отстранување урбана опрема во општина Центар во рамки на есенската акција на Секторот за инспекциски работи за регулирање, расчистување и уредување на урбаната опрема поставена на територија на општината.

 

Од општина Центар информираат дека поради непочитување на правилата за поставување урбана опрема и отстапување од примарните одобренија за поставување урбана опрема, Секторот за инспекциски работи на 11 правни лица издал правосилни решенија за отстранување и рушење на дивопоставената опрема.



Со издавање на решенијата на правните лица општината им наложува во законски предвиден рок сами да ја отстранат нелегално поставената урбана опрема. Решенијата веќе се испратени на понатамошна обработка и доколку правните лица не ја отстранат урбаната опрема, општината најавува дека самостојно ќе постапи по решенијата за отстранување.

 

Општината потенцира дека  активноста е  дел од заложбите за доведување во ред на поставувањето на урбана опрема на територија на општината, со што ќе се олесни движењето на граѓаните на улиците и ќе се нормализира сообраќајот на возилата.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.