Реконструирана улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало

Пуштена е во употреба реконструираната улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ во населбата Маџир Маало. Поставен е нов слој на асфалт и нов тампонски слој на површина од 2.700 метри квадратни. Реконструирани се тротоарите со ширина од 2,5 метри и површина од 1.100 метри квадратни, а поставени се и нови рабници во должина од 1.110 метри.

 

На улицата првпат од нејзиното постоење изведена е атмосферска и фекална канализација и поставен е фекален колектор во должина од 650 метри.

 

Покрај „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало целосно ќе се реконструираат и улиците „Петричка“ и „Велешка“; за кои веќе се изготвени документациите и ќе бидат готови идната година. На пуштањето во употреба на улицата, Одборот на традиционални маџирмаалски средби на градоначалникот Саша Богдановиќ и на општината им доделија благодарница за несебична помош и поддршка.

 

Наредни улици кои ќе бидат готови со реконструкција и пуштени во употреба се „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и „Караорман“. Општина Центар идната година ќе ја изведе и новата улица „Новопланирана 1“ во Капиштец, која ќе ги поврзува улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.