Општина Центар издаде нови четири решенија за отстранување урбана опрема

 Секторот за инспекции на општина Центар во рамки на акцијата за отстранување на диво и нелегално поставената урбана опрема на територија на општината, издаде нови четири решенија на правни лица за отстранување на метални застаклени и незастаклени настрешници и  доградби на објекти, соопшти општина Центар.

 

Со издавањето на овие решенија, општината остава во законски предвидениот рок правните лица сами да ја отстранат диво поставената опрема, во спротивно по истекувањето на рокот, општината ќе ги отстрани.

 

Општина Центар и градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, упатуваат апел до правните лица кои поставуваат урбана опрема на јавна површина, да ја соберат потребната документација, да се придржуваат до правилата за поставување на урбана опрема и да ги почитуваат одредбите пропишани во Законот за градење. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.