All for Joomla All for Webmasters

„Мојата порта" – краток филм на децата од основните училишта во општина Центар

Во Кинотека на Македонија вчера премиерно беше прикажан кусиот аматерски филм „Мојата порта", производ од неколку месечни интерактивни работилници за изработка на филм, на кои учествуваа ученици од сите основни училишта во општина Центар.

 

Работилниците се реализираа во организација на општина Центар и Киненова, а под менторство на режисерката Марија Џиџева. Тема на филмот е дијалогот како моќна алатка на родителите, општеството и децата во надминување на насилно однесување.

 

По проекцијата на „Мојата порта", беше одржана трибина на истата тема, со цел пронаоѓање на можности и начини за општествено канализирање и разумно надминување на семејни, социјални и општествени конфликти кои доведуваат до насилно однесување.

 

На трибината, организирана од Киненова и УНИЦЕФ, публиката можеше да ги слушне мислењата, но и да дебатира со говорниците Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во РМ, Јана Белчева Андреевска, претседателка на Советот на Општина Центар, Марија Ралева, психијатар и Радмила Живановиќ, психолог.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.