Поранешниот ресторан „Кај Злате“ го доби Црвен крст

Советот на Општина Центар денеска донесе одлука објектот на поранешниот ресторан „Кај Злате“, кој се наоѓа во населбата Пролет, да се даде на користење на Црвениот крст на Град Скопје.

 

Инаку објектот на некогашниот ресторан „Кај Злате“ е во сопственост на Општина Центар. Со ова, како што информираат од општината, започнува заедничка акција за ангажирање и помош на лицата со посебни потреби, со што ќе се овозможи полесен пристап до услугите и придобивките од работата на организацијата на територија на општината.

 

Советот на Општина Центар го усвои и буџетот за 2019-та година, како и годишниот план за вработување и програмата за работа на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ).

 

Покрај усвојувањето на програмите за работа на општината, советниците изгласаа и одлука за прифаќање донација на зимски јакни, кабаници и носачи за бебиња од УСАИД, кои ќе бидат поделени на бездомните лица и социјално загрозените семејства.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.