Ќе се уриваат зимските тераси на кафулињата на улица „Ленинова“

Сите зимски тераси на кафулињата и рестораните на улица Аминта Трети или поранешна улица Ленинова ќе се уриваат бидејќи се нелегални.

 

Општина Центар им доставила допис на угостителите дека со заградените тераси узурпираат јавна површина, односно зафаќаат повеќе простор отколку што им е одобрено при издавањето на дозволата од Град Скопје.

 

Претставници на Здружението за заштита на правата на угостителите Хорекаши имале состанок со градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. На состанокот им било кажано дека нема да се толерира узурпирање на јавен простор и доколку сопствениците самите не ги отстранат терасите тоа ќе го стори општината. Дел од угостителите прифатиле самите да ги отстранат деловите кои узурпираат јавен простор, а едно кафуле најавило дека целосно ќе го затвори објектот.

 

Со решение за уривање се околу 30 кафулиња и ресторани. Покрај на улица Ленинова, нелегални се и објекти во Дебар маало, Капиштец и улица Македонија.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.