Општина Центар продолжува со борбата против загадувањето на воздухот и животната средина

 

Стопирани се сите градежни активности на градилиштата под надлежност на општина Центар.

 

Во текот на изминатите денови е извршена вонредна контрола на 14 отворени градилишта, 10 сервиси за поправки на возила, во однос на управување со отпадните масла, гуми и начинот на греење и седум автоперални. Дополнително, отворено е прифатилиште за бездомници во Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Ценатар", а функционира и општинскиот сервис за стари лица, информираат од општината.

 

Од таму додаваат дека мерки за заштита на животната средина се спроведуваат во текот на целата година, како што е договорот за соработка и собирање отпад со „Нула отпад" од Скопје. Како резултат на оваа соработка во последните три години се собрани околу 40 тони отпад.

 

На предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, општина Центар ја стопираше реализацијата на сите досега донесени Детални урбанистички планови (ДУП-ови), а за време на мораториумот за градба се врши ревизија на сите планови.

 

Главните цели на оваа одлука се да се воспостави рационално уредување, да се создадат услови за хумано живеење, надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина и вклучување на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација, се вели во соопштението од општина Центар. 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.