Почна јавната анкета по Деталниот Урбанистички План – Градска четврт И 09 – Нова железничка станица (видео)

Општина Центар до 27 февруари ќе спроведува јавна анкета за предлог Деталниот Урбанистички План – Градска четврт И 09 – Нова железничка станица, Општина Центар и Општина Аеродром, плански период  2017 – 2022.

 

Граѓаните имаат можност да го погледнат Деталниот урбанистички план во просториите на урбаната заедница “Мирче Мацан“, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот или на веб страницата на Општина Центар, во делот “Детални Урбанистички Планови“. 

 

Како што информираат од Општина Центар сите заинтерeсирани физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

 

Јавната презентација по истоимениот детален убанистички план ќе се одржи  на 20-ти февруари со почеток во 13:00 часот, во просториите на Општина Центар – Скопје.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.