Центар не се откажува од мораториумот за градба, а реакциите од граѓанските здруженија не стивнуваат

Не престануваат реакциите по вчерашната одлука на Уставниот суд за привремено укинување на одлуката на Советот на општина Центар за мораториум за градба.

 

Сега уставните судии ќе одлучуват за тоа дали оваа одлука на општината била уставна или не, а во меѓувреме општинските органи ќе мора да издаваат дозволи за градба според постоечкиот урбанистички план. Уставниот суд ја донесе одлуката по иницијатива на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Градежните комори подолго време на јавни настани истакнуваа дека мораториумот во Центар му носи голема штета на градежниот бизнис.

 

За оваа одлука реагираше и градоначалникот Саша Богдановиќ кој денеска на прес конференција рече дека Општина Центар е изненадена и разочарана од одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот за градба и најавува дека нема да се откаже и ќе ги искористи сите правни можности. Богдановиќ додаде дека реакциите на граѓаните по одлуката не престануваат и доаѓаат до нив, а се реагира и на социјалните медиуми. Богдановиќ информира дека речиси година и пол интензивно работеле на измените на ДУП-овите и додаде оти мораториумот бил начин со кој ќе се спречи спроведување на лошите планови и веќе почнале да постигнуваат резултати. Минатата седница Советот на Општина Центар донесе два плана, „Мирче Мацан" и „Ново Маало".

 

-Ние не се откажуваме од мораториумот и ќе ги искористиме сите правни можности за да донесеме подобри,  нови урбанистички планови што веќе се работат и поголем дел веќе се во крајна фаза на донесување. Ние одлука официјално немаме добиено, а оваа информација ја добивме од контактите со односи со јавност на Уставниот суд и тоа што излезе по медиумите, истакна Богдановиќ.

 

Најави дека откако ќа ја добијат официјално оваа одлука тогаш ќе го соопштат нивниот став. Тој апелираше Уставниот суд за 30 дена да ја преиспита својата одлука и да ги земе предвид новите ДУПови  што се веќе донесени и, како што рече, се од придобивка за граѓаните. Апелираше и до коморите да ја повлечат иницијативата до Уставниот суд и да дозволат да спроведат измени кои ќе бидат во корист на сите градежници и граѓани.

 

Мораториумот за градба во Oпштина Центар е времено укинат, се додека Уставен суд не донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.