Продолжува проектот „Центар се грижи за возрасните“, Општина Центар го отвори јавниот повик за аплицирање

Со цел подобрување на здравствената состојба на возрасните лица кои живеат на територија на општината и нивно оспособување за полесно самостојно функционирање, трета година во континуитет, Општина Центар го реализира проектот „Центар се грижи за возрасните“.

 

На 24 март општината распиша Јавен повик за аплицирање, на кој согласно критериумите можат да се пријават сите пензионери на возраст над 60 години, жители на Општина Центар.

 

Проектот е финансиран од буџетот на Општина Центар и општината ангажира социјално претпријатие што обезбедува сертифицирана негователка и физиотерапевт. Нивниот ангажман се утврдува согласно индивидуалните потреби на корисникот.

 

– На почетокот, избраните корисници ги посетува социјален работник кој прави стручна и детална проценка на способностите, социјалните и здравствените потреби, како и можни социјални ризици на секој корисник поединечно. Врз основа на стручното мислење и индивидуалниот план на утврдени приоритети од страна на социјалниот работник, корисникот може да добие услуга од сертифицирана негователка или физиотерапевт, три дена во неделата по дав часа. Индивидуалниот план вклучува дефинирање на услугите во домот на корисникот, период на спроведување, динамика и очекувани резултати, изјавија од Општина Центар.

 

Заинтересираните треба да пополнат апликација и да ја достават до Архивата на Општина Центар. Заедно со апликацијата да поднесат и фотокопија од лична карта, фотокопија од потврда за примена пензија од предходен месец и фотокопија од медицински документ за лична здравствена состојба.

 

– Апликациите ќе бидат разгледани од страна на стручна комисија на Општина Центар, согласно максималната утврдена бројка на корисници и приоритетните потреби на барателите, ќе избере 90 корисници, изјавија од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.