Од денеска се уриваат дивите тераси на кафулињата во Центар

Почна уривањето на дивите тераси на кафулиња во Центар. Нелегалните тераси денеска почнаа да ги отстрануваат работници ангажирани од Општина Центар и тоа на Боемска улица.

 

Од Општината велат дека имаат издадено 16 решенија за уривање на летни тераси и сите една по една ќе се отстрануваат бидејќи тоа не го сториле сопствениците.

 

“Сите објекти кои ќе се уриваат имаат отстапување од Правилникот за летни тераси. Најчесто имаа одобрение за на пример икс метри летна тераса, а зафаќаат двојно или тројно повеќе, притоа узурпираат јавен простор” , велат од Општина Центар.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.