ПОЦ изминатата недела санкционира 259 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата недела санкционираа 259 непрописно паркирани возила коишто го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

 

-Во периодот од 19 до 25. август, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 133 непрописно паркирани возила, од кои две несовесно паркирани возила на места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 126 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во коишто биле паркирани, соопшти ПОЦ.

 

 

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.