Дел од Општина Центар утре без вода

Дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ и дел од улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ утре од 9 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, зад „Јат“, во населбата Центар.

 

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.