7000 денари парична помош за новороденчиња во Центар

– По 7.000 денари за новороденче денеска добија 100 семејства од Општина Центар. За новороденчињата подароци дадоа и неколку компании.

 

Ова е втор циклус еднократна помош за новороденчињата во Општината.

 

Градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност и изрази уверување дека во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

 

Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е шест месеци од денот на раѓањето на новороденчето





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.