За една недела казнети 333 возачи за непрописно паркирање

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје за една недела санкционираа 333 возачи за непрописно паркирање.

 

Во периодот од 30.09. до 06.10., со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 161 непрописно паркирани возила, од кои четири несовесно паркирани возила на паркинг-места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување  механичко средство блокатор санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

 

ЈП ПОЦ и Општина Центар велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.