Трајковска: Центарци наседнаа на лагите кои им ги ветуваше Богдановиќ за време на локалните избори

Поминаа две години од мандатот на Саша Богдановиќ како градоначалник на општина Центар.

Две години на лаги, неработење и неостварени ветувања. Очигледно е дека центарци наседнаа на лагите кои им ги ветуваше Богдановиќ за време на локалните избори, обвини Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо на решавање на реалните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните, тој се занимава со работи што немаат ефект во квалитетот на живеењето на жителите на Центар. ВМРО-ДПМНЕ е овде да ги потсети граѓаните на дел од лагите и ветувањата што им ги даде на жителите во Изборната програма. Затоа прашуваме:

До каде е изградбата на мултифункционалната сала на Работнички што ја ветивте пред изборите, па дури направивте и спот и видео по тој повод?

До каде е изградбата на гасификацијата и колку домаќинства приклучивте на неа?

До каде е модерното вертикално зеленило на зградите? Да ве потсетам дека имате дури и илустративна сликичка во вашата сликовница наречена „План за живот“.

Господине Богдановиќ, дали знаете дека сè уште има делови на општината коишто немаат канализација и луѓето живеат како во минатиот век. До каде е изградбата на градинката во Маџар Маало и стационарот за кучиња? Имате исто така обврска да дадете одговор до каде се реконструираните 40 улици коишто ги имате набројано во вашата програма? Свесни ли сте дека ветивте изградба на кула за прочистување на воздухот со којашто центарци ќе дишат алпски воздух. До каде е нивната изградба? До каде е чистиот воздух што го ветувавте? Сте ги погледнале ли мерните станици надвор да видите дека се гушиме?

Таа обвини дека Богдановиќ освен гол популизам и фалби со туѓи проекти, не направил ништо корисно за општината. Вели дека со импровизации на диво и со позајмени клупи од други училишта, го отворил училиштето во Капиштец.

„Нема потреба да зборуваме за пропаднатите проекти на Богдановиќ. Доволно е граѓаните да ја отворат неговата сликовница 'План за живот' и ќе видат со кои лаги ги освои на локалните избори. Богдановиќ ќе остане запаметен како градоначалник по непотизмот и партиските вработувања во општината и во ПОЦ. 2 ВМРО-ДПМНЕ останува доследна партија што секогаш се залага за интересите на граѓаните. Затоа и го потсетуваме градоначалникот да почне со работа и да ги исполни ветувањата дадени во неговата програма. Две години изминаа, наредните две години брзо проаѓаат. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е овде да ги порази лагите, непотизмот и неубавото владеење на Богдановиќ во општина Центар“, порача Трајковска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.