Во наредните две недели услугите на ПОЦ ќе се користат исклучиво по електронски пат

ЈП Паркинзи на Општина Центар согласно новонастанатата ситуација со коронавирусот и донесените одлуки и препораки од Владата, од утре (12.03.2020) воведува превентивни мерки со цел намалување на ризикот од доаѓање во допир и заразување со коронавирусот.

ЈП Паркинзи на Општина Центар ја известува јавноста дека привремено ќе ги затвори шалтерите за прием на странки и ги повикува сите корисници во наредните две недели да ги користат услугите на претпријатието исклучиво по електронски пат на веб-платформата http://www.poc.mk. Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг-карта (ДПК), месечен билет и други типови билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман. Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 или во контакт-центарот на 072 251 251.

ЈП Паркинзи на Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките кои доаѓаат од Министерството за здравство и Владата и да се придржуваат до истите, а воедно и да го зголемат нивото на хигиена, да избегнуваат физички контакти, да го одржуваат имунитетот, да пијат повеќе течности и доколку забележат одредени симптоми да се јават на 071 289 614 во Центарот за јавно здравје во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.