Општина Центар ги дезинфицира станбените згради и јавните површини

И денеска екипи на Општина Центар ги дезинфицираат зградите во делови на општината, информираат од општината.

 

Со средство за дезинфекција темелно се дезинфицираат влезовите, ходниците, заедничките простории и лифтовите, сѐ со цел намалување на опасноста од ширење на зарази, вируси и бактерии, вклучително и вирусот Ковид 19.

 

Со течен концентрат за дезинфекција и процес на чистење со активен кислород, кој има високо гермицидно дејство, службите на Општина Центар ги дезинфицираат и јавните површини околу зградите во општината.

 

Концентратот е еколошки, биоразградлив, воопшто не ја загадува околината и делува против сите видови грам-позитивни и грам-негативни бактерии, спори на бактерии, вируси и габички.

 

Денеска се распрскуваа јавните површини во населбата Дебар Маало, а со истата активност ќе се продолжи и во другите делови на општината.

 

Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.