Цветанка Симоновска е избрана за нов претседател на Советот на Општина Центар

На 46-та седница на Советот на Општина Центар,градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците, со 14 гласа ЗА, 2 гласа против и 4 воздржани го донесоа еешението за престанок на мандатот на Јана Белчева Андреевска на функцијата претседател на Советот на Општина Центар.

 

За нов претседател на Советот е избрана Цветанка Симоновска, како еден од најистакнатте советници од советничката група на СДСМ во Советот, дипломиран инжинер архитект и универзитетски професор во пензија.

 

„И честитам за изборот на новата претседателка на Советот на Општина Центар од редот на советниците, Цветанка Симоновска. На досегашната претседателка, Јана Белчева Андреевска и посакувам среќа во понатамошното делување, а на новата претседателка и посакувам успех во претседавањето со Советот и многу успешни проекти и ефикасност при работењето, за Центар да го направиме поубаво и подобро место за живеење за сите нас“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

 

На денешната седница на Советот на Општина Центар, изгласана е Одлуката за дополнително користење грант средства од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) за „Проектот за подобрување на општинските услуги“.

 

Во членот 1 од самата одлука, наведени се средства од 3.459.546 денари, кои општината ќе ги искористи за доопремување на објектот „Пепелашка“, клон на градинката „Кочо Рацин“. Покрај обезбедените средства, Општина Центар ќе учествува со сопствени средства од општинскиот буџет за 2020 година, со вкупен износ од 224.768 денари.

 

„Целиот овој грант и обезбедување дополнителни финансиски средства се должат на успешната реализација на Општина Центар за реконструкција на новиот објект - детската градинка „Пепелашка“, како и реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Титовелешка“ во Маџир маало и нивна навремена реализација, според дадениот рок од страна на Светската банка и Министерството за финансии на Република Северна Македонија“, додаде Богдановиќ.

 

Врз основа на сето ова, Општина Центар ќе потпише Меморандум за соработка со ЈП Водовод и канализација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.