За Рамазан Бајрам 200 топли оброци за жителите во населбите Крњево и Маџир маало

По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам,  градоначалникот  Саша Богдановиќ, заедно со колеги од Општина Центар и волонтери од  невладината организација „Банка за храна“ поделија 200 топли оброци за жителите кои живеат во населбите Крњево и Маџир маало.

 

Оваа хумана акција и донација е обезбедена од  општината во соработка со економските оператори и други физички и правни лица за жителите на Центар кои живеат во социјален ризик.

 

Изминатиот период, беа обезбедени пакети прехранбени продукти и основни намирници за живот на децата, деинституционализирани од Специјалниот завод  „Демир Капија“, кои живеат во мали групни домови на територијата на Општина Центар, но и донации за приматели на социјална помош, згрижувачки семејства, стари лица со минимални пензиски примања, Центарот за помош на лица со ментален хендикеп – Порака, како и во полициските станици Центар и Пролет.

 

„Навистина сум благодарен за несебичната хуманост и поддршка на сите економски оператори и поединци кои се вклучија во овие акции за денешниот голем муслимански празник Рамазан Бајрам и заедно им овозможивме на овие наши сограѓани да го прослават празникот со топол оброк, во нивните домови и со нивните семејства. За време на акцијата, секој од нас ги почитуваше препорачаните  мерки на претпазливост и заштита од коронавирусот “ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

 

Општина Центар како локална самоуправа продолжува и во наредниот период да обезбедува донации од општествено одговорни компании и хумани поединци, за помош и поддршка на најранливите категории граѓани кои живеат на територијата на Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.