Од 18 мај акција за собирање на кабаст отпад во Општина Центар

Од 18 до 22 мај, Општина Центар се приклучува на акцијата на ЈП „Комунална Хигиена Скопје“, за собирање на кабаст отпад.

Садовите за собирање на кабастиот отпад ќе бидат поставени на следните четири локации:

1. Паркингот на ЈП „ПОЦ“ спроти Веро Џамбо (Пролет)

2. Улица Питу Гули, кај маркетот „Тинекс“ (Водно)

3. Чистинката кај контејнерите, пред влезот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“ (Буњаковец)

4. Кружен тек, кај контејнерите (Дебар Маало)

Општина Центар апелира до жителите кабастиот отпад (стар мебел, електронска и електрична опрема), да го одложуваат на места специјално означени за тоа, наместо да ги оставаат до контејнерите, на јавни површини или одложуваат во диви депонии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.