Во Општина Центар ќе се воведат резидентни паркиралишта

Врз основа на пристигнатите петиции од жителите што живеат на улицата „Максим Горки“ и Здружението на станари за управување со паркинг-просторот Мал ринг, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот и ги задолжи општинските служби и ЈП Паркинзи на Општина Центар да постапат по барањата на жителите и решавањето на нивните проблеми со комерцијалното паркиралиште во овој реон.

„ Со овие измени ќе воведеме промени што ќе бидат приоритет за нашите жители и воедно ќе го регулираме масовното паркирање и ќе ги ослободиме паркинг местата“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Поради долгогодишниот проблем со кои се соочуваат овие жители во Центар, во наредниот период општината ќе одговори позитивно на барањата на жителите и комерцијалното паркирање ќе биде заменето со резидентен паркинг, а истото ќе се имплементира и ќе започне постапка и на улиците „Ленинова“ и „Радњанска“ .

Од општината додаваат дека јавноста дополнително ќе биде информирана за натамошните мерки што ќе ги преземат општината и ЈП Паркинзи на Општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.