Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот урбанистички план за „Холидеј ин“.

Одговор се чека и за лицата од ДИК, кои учествуале во тендерот за печатени материјали за гласање, информира на прес-конференција претседателката на Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.

Антикорупциската комисија порача дека е потребно побрзо решавање на иницијативите, барањата и на препораките.

Говорејќи за оценките на Европската комисија за ДКСК, Ивановска рече дека извештајот е директна потврда за оправданоста на активностите на Комисијата, но и дополнителен поттик во напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај обидите за нејзина дискредитација.

Во извештајот се наведува дека  ДКСК е особено активна во превенција на корупцијата и во отворање голем број предмети, вклучително и на оние што се однесуваат на високо ниво на службеници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.