На улицата Орце Николов денеска ќе се отстранат дрвја од сортата липа

Општина Центар ја известува јавноста во текот на денешниот ден на ул „Орце Николов“ бр. 3 ќе бидат отстранети две дрва од сортата Липа.

„ Отстранувањето ќе се иврши по поднесено барање од Комерцијална банка со решение заведено под бр. 14-6/117/2 од 12.03.2021 и образложение за небезбедност на минувачите.

 

 

По поднесеното барање од Комерцијана банка, вработени стручни лица од Град Скопје заедно со стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“ го разгледаа барањето и извршија непосреден увид на посочената локација на ден 25.03.2021 година. Притоа е утврдено дека дрвата се суви, со деградирани и шупливи стебла, истите имаат суви гранки кои паѓаат покрај тротоарот каде има голем број минувачии и при посилно невреме постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета. По наведеното одлучено е истите да се отстранат“ велат од општината.

Оттаму додаваат дека општината плански ќе се грижи за зеленилото поради што ќе изработи посебен катастар на дрвја кои што ги има во самата општина. Целта, како што се наведува, е да се знае кои дрвја се за сечење поради старост и небезбедност односно кои не смеат да бидат отстранети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.