Конституиран новиот состав на Советот на Општина Центар

Со порака за успех и работа во интерес на граѓаните, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, им го честиташе почетокот на работата на новите советници во општинскиот Совет.

Конститутивната седница ја водеше највозрасниот советник во Советот, Виолета Велковска од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која по верификувањето на мандатите на новите советници, ја прекина седницата, која ќе има продолжение во наредниот период, кога ќе треба да биде избран и претседателот на Советот на општината.

 

 

Во овој состав на Советот најмногу советници, девет, има СДСМ со коалицијата, потоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со осум советници и Левица и иницијативата „Шанса за Центар“ со по три советници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.