Герасимовски: По барање на граѓаните, идејното решение за улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе има измена

По барање на граѓаните, идејниот проект за улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе има измена.

На покана на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, жителите вчера вечер беа во салата на Советот, каде го погледнаа идејниот проект и детално го дискутираа. Герасимовски истакна дека овој пристап на соработка со граѓаните се покажал како позитивен, затоа што, како што вели, улицата „Мирослав Крлежа“ ќе претрпи измени во проектната документација според потребите на граѓаните.

 

 

„Вечерва ве поканив во општината затоа што сакав да го видите идејниот проект за улицата ‘Мирослав Крлежа’, по кој сакам заедно да дискутираме. Сакам да го чујам вашето мислење и ако е потребно, да го прилагодиме ова решение пред да почнат активностите. Подобро е да изгубиме шест месеци, но да добиеме проект кој ќе биде функционален и според вашите интереси“, рече Герасимовски пред граѓаните.

Герасимовски соопшти дека општината има поднесено известување до ЈП „Градски паркинг“, дека на улицата „Мирослав Крлежа“ во тек е постапка за реконструкција, поради што треба да биде ослободена од поставените знаци на тротоарските површини и по реконструкција, таа ќе стане резидентна за станарите. Вакво барање е поднесено и за улицата „Ленинова“.

Герасимовски исто така истакна пред секоја реконструкција дека ќе го практикува овој принцип на блиска соработка со граѓаните.

„Идејата е направиме подобри проекти заедно со граѓаните. Јас во предизборниот период неколкупати најавив вклученост на граѓаните при реализација на проектите и тоа ќе го исполнам. Мојата цел е заедно да реализираме подобри проекти кои во целост ќе ги исполнуваат интересите на граѓаните“, се изјасни Герасимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.