Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници за сите граѓани на РСМ

ЈП Паркинзи на Општина Центар донесе одлука на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува претпријатието да работат до 15:00 часот, катната гаража до 17:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15:00 часот.

На 01.01.2022 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2022 година (понеделник) со вообичаено работно време.

 

 

За време на божиќните празници на 06.01. (четврток) и 07.01.2022 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2022 година (сабота) со вообичаено работно време.

Депото на пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.